Tелохранителот на Адел- интернет сензација

01.12.2015 11:52

Ако се земе предвид дека е висок, добро граден и со убави сини очи, не е ни чудо што стана интернет сензација.

Британската пејачка Адел пред неколку недели предизвика вистинско воодушевување, откако го најави своето враќање на музичката свена со привиот сингл „Hello“ од новиот албум.

Потоа уште еднаш ги разбранува духовите со најавата на нејзината турнеа за 2016 година, но некој сепак успеа да ја турне во втор план.

Тоа не е некоја друга пејачка, туку на нејзиниот нов телохранител за кој не престанува да се говори на интернет. Дури и оние кои не се обожуватели на Адел, се согласуваат дека нејзиниот телохранител е „вистинско парче“.

Ако се земе предвид дека е висок, добро граден и со убави сини очи, не е ни чудо што стана интернет сензација.

Неговото име е Питер ван дер Вен и од неодамна ја чува една од најголемите музички ѕвезди на денешницата. Пред Адел, Питер бил телохранител на Лејди Гага и на раперката Иги Азалија.

Инаку, Питер е поранешен бодибилдер и Мистер на Европа за 2005 година