Фудбал - Куп на Македонија - 1/4 финале (реванши)

Шкендија го елиминираше Вардар

02.12.2015 22:09

Во реваншот во Ѓорче Петров, Шкендија славеше со 2:1 со головите на Жуниор и на Кировски, за Вардар погоди Мијушковиќ...

Четири прволигаши останаа во конкуренција за пехарот во фудбалскиот Куп на македонија. Меѓу нив не е актуелниот шампион и рекордер со пет куп – трофеи, Вардар. Во полуфиналето влезе Шкендија којашто во два меча беше поуспешна од црвено – црните. Во реваншот во Ѓорче Петров, Шкендија славеше со 2:1 со головите на Жуниор и на Кировски, за Вардар погоди Мијушковиќ.

Со идентични два триумфа Работнички го елиминираше Силекс. 2Ч1 во Кратово и претходно 3:0 во Скопје. Погодоците з аРаботнички ги постигнаа Алтипармаковски и Марковски од пенал, а исто така од 11 метри стрелец за Силекс беше Мариќ. Тоа е единсвениот примен гол на Работнички кој досега во купот 25 пати ја тресеше мрежата на противничките екипи. Покрај одбраната на триофејот, романтичарите ќе се обидат да бидат првиот тим којшто трипати по ред го освоил куп - пехарот.

Како и пред енколу дена во првенството, Брегалница во Штип го совлада Младост Царев двор со 4:1 и со гостинските 1:1, третпат во псоледните 11 години се пласираше во полуфиналето. Мишев, Здравков, Стојанов и Никовски реализираа за Брегалница, додека за Младост стрелец беше Вељановски.

Решавачки во двобојот меѓу Турново и Македонија беше резултатот во првиот меч во Ѓорче Петров. Тогаш турновци триумфираа со 4:2, па победата на Македонија од 1:0 во реваншот со голот на Костовски, не и беше доволна.

Резултати: четвртфинале (реванши)

Вардар - Шкендија              1:2 (0:3)

Силекс - Работнички           1:2 (0:3)

Брегалница - Младост Ц.Д.4:1 (1:1)

Турново - Македонија Ѓ.П.  0:1 (4:2)