Ракомет - СЕХА лига

Вардар се приближува кон врвот

02.12.2015 22:14

Разликата во квалитет беше евидентна, па црвено - црните само рутински ја градеа победоносната предност којашто највисоките 15 разлика ги достигна во 52-та минута...

Вардарци полека се доближуваат до врвот на СЕХА лигата откако со ги совладаа струмичани со 42:27. Разликата во квалитет беше евидентна, па црвено - црните само рутински ја градеа победоносната предност којашто највисоките 15 разлика ги достигна во 52-та минута.

Недоволно опоравените одморија, па оние со помала минутажа во Лигата на шампионите минаа подолго на теренот. Оттаму најефикасен беше Манасков со 17 гола, Душебаев постигна 6, Лацковиќ и Циндриќ по пет. Ангелов и Милиќ заедно собраа 16 одбрани. Кај гостите, најразиграни со по осум погодоци беа Соколов и тоа без промашување и Куленовиќ. Голманот Трајкоски имаше 12 интервенции. Вардар славеше и во меѓусебниот дуел од првото коло, тогаш во Струмица со 35:26.

Со седмиот триумф, Вардар сега е трет со 22 бода, пред Мешков со 21. Три помалку има петопласираниот Веспрем, но Унгарците се единствени без пораз и имаат само седум одиграни мечеви. Откако вчера неочекувано загуби кај Борац, лидерот Татран од 11 дуели има 27 бода, три повеќе од Загреб којшто има девет натпревари.

Ако нема дополнителни промени во СЕХА распоредот, Вардар овој месец ќе одигра уште четири натпревари и тоа дома со Загреб и со Спартак и на гости против Војводина и Татран. Со само две нерешени и девет порази, Струмица е последна со пет бода помалку од Борац и од Спартак.