НБА

Сите играат, Кари и Вориорси победуваат

03.12.2015 16:40

Стеф Кари се врати во градот од каде што потекнува и ги направи првите кошаркарски чекори, условно му ја расипа вечерта на неговиот татко Дел кој е коментатор на мечевите на Шарлот и одново го предводеше својот тим до победа

Рекордна-20-та победа без ниту еден пораз од стартот на сезоната за кошаркарите на Голден Стејт на гостувањето против Шарлот со 116-99.

Стеф Кари се врати во градот од каде што потекнува и ги направи првите кошаркарски чекори, условно му ја расипа вечерта на неговиот татко Дел кој е коментатор на мечевите на Шарлот и одново го предводеше својот тим до победа велејќи дека нема поубаво чувство да се игра кошарка кога во публиката се најблиските роднини.Актуелниот МВП постигна 40 поени во три четвртини, 14 од 18 од поле и 8 од 11 за три поени.Од нив решавачки 28 во клучната трета четвртина во која со само едно промашување за 2 поена и 5 од 5 за три.По натпреварот Кари ја откри и формулата на успехот: „Знам дека изгледа неверојатно во конкуренција со толку добри екипи и играчи.Ниту ние секогаш не играме најдобро,но наоѓаме начин да победиме.Тоа е силата на нашата екипа,секоја ноќ некој друг може да повлече,секогаш решаваат некои ситни детаљи кои не можете да ги забележите во статистиката од натпреварот“.

По катастрофалниот старт конечно подобри времиња и за Лос Анџелес Лејкерс.Предводени од Коби Брајант кој запиша 31 поен, езерџиите стигнаа до третата победа во 18-от настап сезонава во дуелот со Вашингтон на гости победувајќи со  108-104.До биланс 15-4 рутинки стигна и второпласираниот состав на западот Сан Антонио кој пред својата публика со 95-70 славеше над Милвоки.Најдолго се играше на мечот меѓу Детроит и Феникс на кој Пистонси победија по продолжението со 127-122 предводени од Џексон со 34 поени и 16 асистенции.

Индијана го одржува чекорот со Кливленд на истокот откако на гости победи кај клиперси во Лос Анџелес со 103-91,победа на гости славеше и Торонто над Атланта со 96-86,додека дома Њу Јорк ја совлада Филаделфија со 99-87,Чикаго –Денвер со  99-90 и Хјустон –Њу Орлеанс 108-101.