МЗТ Скопје и новиот предизвик

06.12.2015 17:07

Аеродромци се на дното со 4 победи и со 8 порази, идентичен скор има само Металац на последната позиција. Цибона и Сутјеска имаат бод повеќе од натпревар и пораз повеќе, со скор 4/9. Цедевита е на врвот со 9 победи во 12 натпревари, победа помалку од Будуќност. Лидерот вчера беше безмилосен во дуелот со другата загребска екипа, прегазувајќи ги цибоси со 69:91, низ пренос на МТВ.

МЗТ има пред себе евролигашка пречка, но се соочува и со внатрешниот предизвик - ќе победи ли конечно, по 5 загубени мечеви во АБА лигата, со цел колку толку да се одмори мирно во привидната пауза меѓу двата дела од регионалното натпреварување, или ќе ја почне втората половина од шампионатот со една од најдолгите негативни серии во регионалната кошарка.

Аеродромци се на дното со 4 победи и со 8 порази, идентичен скор има само Металац на последната позиција. Цибона и Сутјеска имаат бод повеќе од натпревар и пораз повеќе, со скор 4/9. Цедевита е на врвот со 9 победи во 12 натпревари, победа помалку од Будуќност. Лидерот вчера беше безмилосен во дуелот со другата загребска екипа, прегазувајќи ги цибоси со 69:91, низ пренос на МТВ.

И мечот на МЗТ Скопје ќе го пренесуваме на националниот сервис, од 19 часот.

Ќе видиме или ново лице на македонскиот шампион, или ќе ја гледаме истата агонија од последните 5 кола, кога скопската екипа во неколку наврати прокоцка и двоцифрена предност по првите 10 минути. Тешко дека повредениот Мијатовиќ ќе може да помогне, што значи ротацијата ќе биде дополнително скусена.

По поразот од Задар, Цедевита има серија од 5 победи во АБА лигата, а патем има и 4 победи во Евролига и е на пат, прв пат во историјата, да се пласира во Тп 16 фазата од елитното континентално натпреварување. Тешко дека загрепчани ќе дојдат на екскурзија и прошетка во нашата престолнина, тука се дојдени по бодови.

Има ли јунак во сино-белите редови? Има ли кој да ја повлече екипата што несомнено има квалитет, но не може никако да проработи. Многу прашања, еден одговор - резултат, што ќе го дознаеме некаде пред 21 часот, на МТВ.