Металург загуби на гостувањето во Норвешка

06.12.2015 17:43

Металург повторно правеше многу грешки во нападот, не ги користеше периодите со ракометар повеќе, промашуваше зицери во првиот дел, го разбрани голманот Нергард кој фати 11 топки во првото полувреме...

Норвешката екипа најде повеќе мотиви во битката за избегнување на дното и се радуваше со 29-23. Металург повторно правеше многу грешки во нападот, не ги користеше периодите со ракометар повеќе, промашуваше зицери во првиот дел, го разбрани голманот Нергард кој фати 11 топки во првото полувреме, за разлика од Дупјачанец кој немаше ниту една, и во таа фаза натпреварот веќе беше решен. На 8-6 за Елеверум Металург имаше напад за негатива од еден гол, но не успеа да реализзира, противникот влезе во серија од 7-1 до паузата и по првите 30 минути оствари недостижна предност од 15-7. Уште тогаш беше јасно дека македонскиот тим ќе го претрпи седмиот пораз едноподруго, петти на гостински терен, а прв во шестиот меѓусебен дуел со норвешки тимови.

Во второто поувреме беше подобро. Во отсуство на Лино Червар кој има здравствени проблеми, потезите од клупата ги влечеше неговиот асистент Александар Јовиќ. Им даде шанса на сите ракометари, па Крстевски и Петров ги постигнаа дебитантските голови за нив во Лигата на шампионите. Вуковиќ имаше три, а Дупјачанец две одбрани во тој дел од натпреварот, Елверум дојде до највисоките десет гола предност во 46-тата минута, 24-14, но Апелгрен им даде шанса на резервистите, па Металург направи серрија од 4-0 и го намали високото водство.
Божовиќ беше најефикасен со пет гола, од коишто три од пенал, Крстевски даде три од линијата на седум метри, а Матиќ три од игра. Кузмановски, Петров, Талески и Бувиниќ стрелаа по двапати. Кај Елверум незапирливо беше триото Линдобое со осум и Митровиќ и Стегавик со по седум гола.