Футсал селекцијата ќе настапи на квалификациите за С П

08.12.2015 19:18

Според распоредот, Македонија задутре во првото коло ќе игра со домаќинот Италија, која објективно е главен фаворит на турнирот...

Репрезентацијата на Македонија во футсал отпатува во Бари каде што ќе настапи во квалификациите за СП што ќе се одржи во Колумбија следната година. Според распоредот, Македонија задутре во првото коло ќе игра со домаќинот Италија, која објективно е главен фаворит на турнирот. Ден потоа нашите репрезентативци ќе се соочат со Словачка, додека во недела е мечот против Молдавија.

Двете првопласирани селекции ќе обезбедат место во “бараж“ натпреварите, по кои победниците ќе се пласираат на футсал Мундијалот во 2016 година.