Филаделфија со 22 пораз, Вашингтон го “симна“ Мајами од челното место на Истокот

08.12.2015 19:22

Торонто го победи ЛА Лејкерс со 102:93 предводен од Лаури со 26 поени, а кај Лејкерси залудни беа 21 поен и 8 скокови на Брајант...

Кошаркарите на Сан Антонио ја остварија деветтата победа во последните 10 натпревари откако ја понижија Филаделфија пред нејзините гледачи со 119:68. Мечот беше решен уште во првото полувреме кога “мамузите“ водеа со 55:19 и до крајот немилосрдно го полнеа противничкиот кош. Победата ја извојуваа без Ману Џинобили а за нивнаа доминација потврдува и фактот дека сите 12 кои влегоа на паркетот се запишаа меѓу стрелците, најмногу Олдриџ со 26 поени и 9 скокови. Вашингтон славеше во Мајами со 114:103 и ги симна “жешките“ од лидерската позиција на Истокот. Џон  Вол постигна 26 поени и 7 асистенции, а Двејн Вејд имаше 26 поени 7скокови и 9 асистенции кај домашните, што не беше доволно за победа.

Торонто го победи ЛА Лејкерс со 102:93 предводен од Лаури со 26 поени, а кај Лејкерси залудни беа 21 поен и 8 скокови на Брајант. Дома се радуваа и Шарлот над Детроит 104:84 и Милвоки против Портланд со 90:86, а на гости победија Далас против Њујорк со 104:97, Феникс во Чикаго 103 :101 , ЛА Клиперс над Минесота со 110:106 и Бостон против Њу Орлеанс со 111 :93. Во НБА и натаму убедливо најдобар е Голден Стејт со 22 победи во исто толку натпреврари пред Сан Антонио со 18-4, а во источната конференција Кливленд води со ефект од 13-7.