За пет години паметните телефони ќе „изумрат“

11.12.2015 10:49

Телекомуникациските експерти предвидуваат дека паметните телефони би можеле да изумрат во рок од наредните пет години...

Многумина од нас секој слободен момент го минуваат со својот паметен телефон, меѓутоа, тоа би можело да се промени.

Имено, телекомуникациските експерти предвидуваат дека паметните телефони би можеле да изумрат во рок од наредните пет години.

Експертскиот извештај, кој опфати анкетирање на 100.000 луѓе во Шведска и 39 други земји, откри дека многу луѓе веруваат оти паметните телефони стануваат минато.

Сега вниманието се насочува на вештачката интелигенција, односно на помагачи без екрани. Многу ИТ експерти предвидуваат дека уредите за носење како „Епл Вач“ полека ќе почнат да ги заменуваат паметните телефони.

Смартфонот в рака и не е толку практичен, изјави Ребека Кедеринг Ангстром од „Ериксон“. - На пример, додека готвиме или возиме автомобил. Постојат и многу други ситуации во кои уредите со екрани не се покажале толку практични. Поради тоа се смета дека во рок од пет години паметните телефони ќе станат работа на минатото, додава таа.