Клучен меч за МЗТ Скопје

12.12.2015 17:14

Унион Олимпија должи од првото коло во Љубљана и Аеродромци треба да дадат се, дури и она што мислат дека го немаат во резервите, да победат и да се реваншираат...

Дулеот на македонскиот шампион со најтрофејната словенечка екипа, ќе реши неколку битни прашања за МЗТ Скопје.

Унион Олимпија должи од првото коло во Љубљана и Аеродромци треба да дадат се, дури и она што мислат дека го немаат во резервите, да победат и да се реваншираат. Така ќе ја прекинат серјата од 6 порази и ќе си ги избистрат главите. Во спротивно, ќе почнат да се прашуваат дали вредиме и дали воопшто знаеме да играме кошарка.

Со победа, Металците ќе ги вратат не само победничкиот менталитет и дел од публиката во салата, туку и имаат шанса многу да напредуваат на табелата. Разликата меѓу нив и Змајчеки е само една победа, а со тоа ќе го избегнат дното и ќе се прикулчат кон средината на табелата.

Во моментов, МЗТ Скопје е реално обезглавена екипа, нема прв кормилар, но го има Јончевски кој што веќе неколку пати доаѓа на помош од позицијата асистент. Со победа против Олимпија, можно е тој да остане на позицијата прв тренер и до крајот на сезоната, поради нескриените сигнали што ги праќа МЗТ дека нема намера да плаќа скапи тренери и поради победата против
Куманово во домашното првенство.

Многу теорија во оваа најава, во пракса ништо не мора да биде така. Што навистина ќе се случува на паркетот, ќе гледаме на МТВ од 19 часот, пренос од 14-то АБА коло меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Унион Олимпија.