Жрепка за Евровизија

20.01.2014 16:19

Денес во данската престолнина Копенхаген, градот домаќин на 59-тото издание на изборот на песна за Евровизија, се одржа свечена церемонија на којашто беше извлечен редослед по којшто земјите учеснички ќе се претстават на престижното музичко шоу.

Жрепката одлучи Македонија со својата претставничка Тијана Дапчевиќ да настапи во втората половина на второто полуфинале на 8 мај, заедно со уште 14 други земји меѓу кои Норвешка, Израел, Романија, Словенија, Грција, Белорусија и други.

Во првото полуфинале ќе настапат 16 земји, а продуцентите на шоуто допрва ќе ги дефинираат конечните редни броеви под кои ќе настапат земјите учеснички во соодветното полуфинале.

Големото евровизиско финале ќе се одржи на 10 мај, а годинава вкупно 37 земји го пријавија своето учество. Македонската радио телевизија кон крајот на идниот месец ќе ја претстави композицијата со којашто Тијана Дапчевиќ ќе ги брани боите на Македонија.