Почна интересно, заврши драматично

14.12.2015 23:03

Французинките со гол од 7 метри во последната секунда славеа над Шпанија со 22-21,а максимално неизвесно беше до крајот и на мечот меѓу Полска и Унгарија што полските ракометарки го добија со 24-23 откако на полувремето...

Осминафиналната фаза на 22-то  светско ракометно првенство во женска конкуренција почна интересно, со елиминацијата на актуелниот светски првак Бразил и дебаклот на светскиот вицешампион Србија,а продолжи драматично, со минимални победи извојувани во завршните мигови од натпреварите за Франција и Полска.

Французинките со гол од 7 метри во последната секунда славеа над Шпанија со 22-21,а максимално неизвесно беше до крајот и на мечот меѓу Полска и Унгарија што полските ракометарки го добија со 24-23 откако на полувремето беа во негатива со 13-14.Во четвртфиналето е и репрезентацијата  на Русија која континуирано водеше во дуелот со селекцијата на Јужна Кореја и славеше со 30-25,идентично како и Црна Гора која немаше проблеми со селекцијата на Ангола и победи убедливо со 38-28, по што се дефинирани четвртфиналните двојки.Веќе беше познато дека домаќинот  Данска ќе игра со Романија,Холандија ја доби Франција за противник,Норвешка пласман меѓу најдобрите четири ќе бара на мечот со Црна Гора,а Русија ќе игра со селекцијата на Полска.

Четвртфиналните пресметки на програмата се в среда ,а две од нив низ преноси ќе можеме да следиме на македонската телевизија.