Трајковски фудбалер на годината во изборот на ФФМ

15.12.2015 21:48

Иако квалификациите за ЕП во Франција нашите фудбалери ги завршија на последното место, Трајковски имаше неколку забележителни партии, а остави силен печат во белгиското првенство во дресот на Зулте Варегем...

Фудбалската федерација на Македонија ги избра најдобрите во годината што изминува. За најдобар фудбалер во 2015 година е прогласен Александар Трајковски, стандардниот репрезентативец на Македонија. Иако квалификациите за ЕП во Франција нашите фудбалери ги завршија на последното место, Трајковски имаше неколку забележителни партии, а остави силен печат во белгиското првенство во дресот на Зулте Варегем, а потоа во есенската попуетапа во редовите на Палермо, член на Серие А. За најдобар домашен фудбалер е избран голманот Филип Гачевски, кој во пролетниот дел од претходното првенство постави рекорд од 912 минути без примен гол во Брегалница, по што направи трансфер во Вардар.

Најдобар тренер е актуелниот селектор на репрезентацијата Игор Ангеловски, кој во летниот период мина 3 кола во Европа Лигата со Работнички. Стрелец на годината е Изаир Емини од Ренова ајсудија, интернационалецот Александар Ставрев. Најдобар млад фудбалер е Кире Маркоски од Работнички, стрелец Марко Ѓорѓиевски од Вардар, а тренер на младите категории Влатко Колев. Футсал играч на годината е Мартин Тодоровски, фудбалерка одново Наташа Андонова, а признанието за животно дело во фудбалот му припадна на еден од најдобрите македонски голмани во историјата Благоја Истатов.  Во неговата богата професионална кариера најпрвин бранеше за Струмичка Беласица, потоа во Победа од Прилеп од каде што мина во редовите на Белградски Партизан, за да заврши во холандски Утрехт.