Ракомет СП жени -Данска 2015

Елиминирани тројца фаворити

17.12.2015 11:53

Како и во финалето на Олимпијадата во Лондон, Норвежанките ја совладаа Црна Гора, овојпат со 26:25 и по четвртипат на последните пет мундијали се пласираа во полуфиналето. Двапати Норвешка го освојуваше златниот медал...

Елиминирани се тројца фаворити на Светското првенство во ракомет за жени и тоа Русија, Франција и домаќинот Данска, додека само во четвртфиналната пресметка меѓу Норвешка и Црна Гора никој однапред немаше никаква предност.

Како и во финалето на Олимпијадата во Лондон, Норвежанките ја совладаа Црна Гора, овојпат со 26:25 и по четвртипат на последните пет мундијали се пласираа во полуфиналето. Двапати Норвешка го освојуваше златниот медал.

Нејзин полуфинален противник ќе биде Романија којашто пред 15 илјади гледачи во Хернинг славеше против Данска со 31:30 и тоа по продолженија. Кристина Неагу со 15 гола ги однесе Романките меѓу најдобрите четири репрезентацииа и тоа првпат по 2007-ма. Единствено, Романија беше светски шампион пред 53 години.

Во другото полуфинале ќе играат Полска и Холандија. Полските ракометарки беа подобри од четирикратниот шампион, Русија со 21:20 и по првенството пред две години, повторно ќе разигруваат за медал. Во Србија беа четврти.

До најголемиот успех во историјата, Холанѓанките дојдоа со триумфот протв Франција со 28:25.

Полуфиналните дуели ќе се одиграат в петок, Полска - Холандија во 18 и Норвешка - Романија во 20 часот и 45 минути со преноси на МРТ1.