Алпско скијање

Победи на Свиндал и Гут во натпреварите од Светскиот куп

18.12.2015 20:50

Во поредокот во оваа дисциплина Свиндал води со 210 поени пред Килде со 122, а во генералниот пласман лидер останува австрискиот скијач Марсел Хиршер со 440 бода, сега само 23 повеќе од Свиндал.

Светскиот куп во алпско скијање влегува во се позасилен ритам. Норвежаните доминираа и ги освоија сите места на подиумот во денешниот Супервелеслалом, кој се одржа во Италијанскиот зимски центар Вал Гардена. Најдобар беше најтрофејниот, Аксел Лунд Свиндал кој ја оствари својата 30 победа во кариерата или 15 во популарниот “Супер џи“. Кјетил Јансруд заостана 34 стотинки, а Александар Омот Килде за 44 стотинки зад победникот. Во поредокот во оваа дисциплина Свиндал води со 210 поени пред Килде со 122, а во генералниот пласман лидер останува австрискиот скијач Марсел Хиршер со 440 бода, сега само 23 повеќе од Свиндал.

Драматично беше во Францускиот Вал Дизер, каде што скијачките возеа суперкомбинација а битката се сведе на две имиња. Швајцарката Лара Гут успеа да триумфира со само една стотинка предност во однос на Американката Линдзи Вон, која водеше по трката во спуст. Сепак 24 –годишната швајцарка ја забележа својата прва победа во оваа дисциплина со подоброто слаломско возење и дојде до вкупно 14 победа во трките од светскиот куп. Далеку зад најдобрите две заостана Михаела Киргасер од Австрија. Во генералниот пласман сепак Вон ја задржа убедливата предност со 480 бода, 102 повеќе од Гут.