Горбок се реши за Унгарија

21.12.2015 20:53

Унгарскиот тим денеска го потврди преминот на Белорусинот, кој настапува за руската национална селекција.

Сергеј Горбок ја игра последната сезона во дресот на Вардар. Од наредната ќе се пресели во ПИК Сегед. Унгарскиот тим денеска го потврди преминот на Белорусинот, кој настапува за руската национална селекција.

Иако има уште година и половина до истекот на договорот со македонскиот шампион, Горбок изрази желба предвреме да го напушти Скопје каде што дојде во 2014-та.

Претходно, играше за Рајн Некар, Чеховски Медведи, Целје, Запорожје и за Аркатрон Минск. Во тековната сезона од Лигата на шампионите, Горбок постигна 36 гола за Вардар.