Кошарка - НБА

Коби Брајант како во најдобрите времиња

23.12.2015 14:27

Во второто полувреме Коби го сопре на само два поена најдобриот стрелец на Нагетс, Вил Бартон кој во првиот дел постигна 25 коша. За да ја оствари само петтата победа во 28-от меч сезонава, екипата од Лос Анџелес направи мал подвиг и се врати од минус од 21 поен.

Четири НБА натпревари во коишто главното шоу го приреди Коби Брајант. Ветеранот покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, па во првиот натпревар по паузата поради повредата реализираше 31 поен и 5 асистенции. Придонесот на Брајант во победата на Лејкерс на гости кај Денвер од 111:107 е и во одличната одбрана. Во второто полувреме Коби го сопре на само два поена најдобриот стрелец на Нагетс, Вил Бартон кој во првиот дел постигна 25 коша. За да ја оствари само петтата победа во 28-от меч сезонава, екипата од Лос Анџелес направи мал подвиг и се врати од минус од 21 поен.

По слично сценарио и Детроит славеше на паркетот на Мајами со 93:92. Пистонс губеа со 18 разлика, но Кентавиус Колдвел - Поуп на 55 секунди пред крајот погоди за 17-ти триумф. Реџи Џексон беше најпрецизен кај гостите со 18 поени, кај Мајами Крис Бош постигна 20, Двејн Вејд 19, но и двајацата промашија шутеви за победа во последниот напад.

На гости славеше и Мемфис и тоа кај наслабата екипа во лигата Филаделфија. Во победата од 104:90 најмногу вградија Марк Гасол 19 поени и Мајк Конли 18 коша и 6 асистенции. Кај Филаделфија којашто остана има само еден триумф и 29 порази, прв стрелец беше Џахил Окафор со 18 поени.

Единствено Торонто триумфираше дома и тоа против Далас со 103:99. Торонто којшто е лидер во атлантската дивизија го зголеми позитивниот биланс на 18:12 благодарение на расположеното трио, ДеМар ДеРозан со 28 поени, Бисмак Бијоко со 20 скока и Кајл Лоури со 17 коша, 10 скока и 7 асистенции.