Игран филм

БЕЗ ОБВРСКИ

Вторник (14.02.2017) 20:15
САД, 2011

Режија: Иван Реитмен
Улоги: Натали Портман, Ештон Качер, Грета Гервиг
Жанр: романтична комедија

Ема е лекарка која има премногу обврски и прави договор со најдобриот пријател Адам- да имаат однос, но под еден услов, тоа да биде само секс. Значи да нема љубомора, очекувања, кавги, романтични мигови. И двајцата имаат слобода да прават што сакаат, на кое било место и во кое било време, но договорот е дека не смеат да се вљубат еден во друг. Но кога сексот ќе прерасне во нешто друго, дали нивното пријателство ќе опстои и понатаму?