Кошарка - НБА

Голден Стејт загуби, Филаделфија победи

31.12.2015 13:13

Шампионот е поинаква екипа без најдобриот кошаркар Кари, па беше поразена на гостувањето кај Далас со 114:91. За вториот пораз на Вориорс најзаслужни беа Бареа со 23, Новицки со 18 и Пачулија со 14 поени и 15 скока.

Реткост е сезонава во НБА лигата, Голден Стејт да загуби, а Филаделфија да победи, но тоа се случи во иста ноќ. Шампионот е поинаква екипа без најдобриот кошаркар Кари, па беше поразена на гостувањето кај Далас со 114:91. За вториот пораз на Вориорс најзаслужни беа Бареа со 23, Новицки со 18 и Пачулија со 14 поени и 15 скока. За Далас ова беше чеврта победа по ред. Кари не е сериозно повреден, но многу веројатно ќе го пропушти и новогодишниот дуел со ХЈустон.

Само третиот триумф сезонава, Филаделфија го оствари кај Сакраменто со 110:105. Прв играч на мечот беше Ноел со 20 поени, 9 скока и 4 украдени топки.

Најнеизвесно беше во Чикаго кадешто Булс славеа против Индијана по продолжение со 102:100 благодарение на рзиграниот тандем, Брукс со 29 и Бателр со кош помалку.

Гостувањето во Бостон за Брајант беше посебно, затоа што Коби го одигра последниот натревар на паркетот на големиот ривал и реазлизираше 15 поени и 11 скока. Иако нејзината екипа загуби со 112:104, домашната публика го испрати со овации.

Марјановиќ полека добива доверба од Попович којашто максимално ја оправдува. Во победата на Сан Антонио против Феникс од 112:79, српскиот кошаркар постави клупски рекорд од 12 скока за само 15 минути за коишто постигна и седум поени.

Во другите натпревари: Шарлот - Клиперс 117:122, Орландо - Бруклин 100:93, Торонто - Вашингтотн 94:91, Минесота - Јута 94:80 и Портланд - Денвер 110:103.

НБА 2016-та според македонско време ќе почне со шест дуели: точно на полноќ Детроит - Минесота и Индијана - Милвоки, а уште ќе играат и Хјустон - Голден Стејт, Њу Орлеанс - Клиперс, Оклахома - Феникс и Јута - Портланд.