Фудбалот е на црната листа на 2015

„Златната малина“ за Илчо Ѓорѓиоски!

31.12.2015 17:10

Македонскиот фудбал долго чекаше на претседателското столче во ФФМ да седне поранешен играч и тренер. Со поскромна играчка кариера, но со шампионски тренерски титули во Македонија Ѓорче Петров и во Вардар, Илчо Ѓорѓиоски се наметна како најдобра опција за нашиот фудбал. Со тригодишното владеење разочара! Фудбалот не се подобри, фудбалот не го задржа нивото.

Фудбалот е крал на спортот. Нациите коишто го играат и го уживаат, го ставаат на пиедесталот на нивните листи. Но ние не можеме. Во 2015-та Македонија не победи ниту еднаш на квалификациски натпревар. Тишината на нашите стадиони го проби звучниот ѕид.

Македонскиот фудбал долго чекаше на претседателското столче во ФФМ да седне поранешен играч и тренер. Со поскромна играчка кариера, но со шампионски тренерски титули во Македонија Ѓорче Петров и во Вардар, Илчо Ѓорѓиоски се наметна како најдобра опција за нашиот фудбал. Со тригодишното владеење разочара! Фудбалот не се подобри, фудбалот не го задржа нивото.

Напротив, фудбалот не престана да тоне. Од целосна поддршка за федерацијата, од полни трибини на Македонија-Хрватска, дојдовме до дното. Тројца постојани, еден ве-де селектор во два циклуса. Ставовите се менуваа. Најпрво македонски селектори, па странец, а сега пак нашинец.

Претседателот селектираше, селекторите паѓаа, а нивниот селектор Ѓорѓиоски се уште е во финансиски најмоќната македонска спортска федерација. Можеби затоа столицата не се пушта лесно. Можеби затоа се газат и ставови и „пријатели“.

Ерата на Ѓорѓиоски покажува дека не било до тоа во федерацијата да работат поранешни играчи, тренери, селектори, фудбалски работници. во фудбалот и во животот кој знае – знае!!!

И затоа пожелно е македонскиот фудбал да го води некој што нема дамки од валканите фудбалски терени. Сега дресот ни е премногу валкан. Затоа Илчо Ѓорѓиоски ја добива „златната малина“ за 2015-та!!!