Голден Стејт и без Стеф Кари шампионски во Хјустон

01.01.2016 18:52

Отсуството на повредениот МВП од претходната сезона Стеф Кари го надоместија неговите колеги Клеј Томпсон кој постигна 38 поени и 7 скокови и особено универзалниот Дрејмонд Грин кој по 5 пат сезонава оствари “трипл дабл“

Последниот ден од минатата година беше работен за 12 НБА екипи, а во 6те меча најголемо внимание привлече гостувањето на Голден Стејт во Хјустон, за нова спектакуларна победа на бранителот на титулата  Шампионот одигра шампионски и славеше во ефикасен и динамичен дуел со 114 :110, со што не дозволи втор пораз за 24 часа во Тексас, по оној од Далас.  Отсуството на повредениот МВП од претходната сезона Стеф Кари го надоместија неговите колеги Клеј Томпсон кој постигна 38 поени и 7 скокови и особено универзалниот Дрејмонд Грин кој по 5 пат сезонава оствари “трипл дабл“ со 10 поени 11 скокови и за него рекордни 16 асистенции. Домашните беа во игра до последните минути благодарение на Џејмс Харден со 30 поени и по 5 скокови и асистенции и на Двајт Хауард, кој постигна 20 поени и 13 скокови. Уште поефикасно беше во Индијана, каде што Милвоки победи со 120 :116 предводен од Крис Мидлтон со 33 поени, додека главниот играч на домашните Пол Џорџ заврши со 31 поен.

Четири разлика постигна и Оклахома против Феникс во победата од 110 :106 благодарение на 36 поени и 12 скокови на Расел Вестбрук и 23 поени на Кевин Дурант. Неизвесно беше и во Њу Орлеанс, каде што ЛА Клиперс и без повредениот Грифин славеше 95 :89. Џеџ Џеџ Редик беше најефикасен со 26 поени, а Де Андре Џордан собра 20 топки под обрачите и постигна 11 поени. Детроит убедливо ја совлада Минесота со 115 :90 во меч кој го одбележаа 29 поени и 18 скокови на Андре Драмонд. Двоцифрена домашна победа постигна и Јута над Портланд со 109 :96 со 27 поени на Треј Бурк. Во првиот ден од 2016 Голден Стејт влегува како убедливо најуспешен во лигата со 30 победи и само 2 пораза, пред Сан Антонио со 28 – 6, а на Истокот Кливленд води со 21 – 9 пред Атланта со 21 -13