Петер Превц доминантен во Гармиш

01.01.2016 18:54

За 23 годишниот словенец тоа е прва победа на една од 4 Новогодишни скокалници, вкупно четврта сезонава или 10 во неговата кариера.

Откако 2015 ја заврши како лидер во генерален пласман, Превц триумфално ја почна 2016 година на култната Олимписка скокалница во Гармиш Партенкирхен и го презеде водството на традиционалната турнеја. За 23 годишниот словенец тоа е прва победа на една од 4 Новогодишни скокалници, вкупно четврта сезонава или 10 во неговата кариера. Водството во првата серија по скокот од 133 ипол метри го претвори во убедлива победа по 136 метри во втората серија, по што имаше 12,6 поени повеќе од Норвежанецот Кенет Гангнес, а на задоволство на домашната јавност, на подиумот се најде и Германецот Северин Фројнд.

На половина од турнејата Превц е лидер пред Фројнд и австрискиот ски скокач Хајек, а во генерален пласман Словенецот сега има 624 бода, или 225 повеќе од Фројнд. По германските Оберздорф и Гармиш, турнејата се сели во Австрија каде што задутре се скоковите во Инзбрук, а завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.