Стартува 37-от Дакар

02.01.2016 20:00

До 16-ти јануари ќе се минат 9237 километри низ Аргентина и Боливија,а за настап се пријавени 354 екипажи и тоа 110 автомобили,143 мотицикли,55 камиони и 46 квадови...

37-то рели Дакар почнува денеска со официјалното претставување на учесниците во Буенос Ајрес,а првата етапа ќе се вози утре од Росарио до Виља Карлос Паз во должина од 632 километра со специјал од 227 километри.

До 16-ти јануари ќе се минат 9237 километри низ Аргентина и Боливија,а за настап се пријавени 354 екипажи и тоа 110 автомобили,143 мотицикли,55 камиони и 46 квадови.Има повеќе, но двајца дебитанти го привлекуваат вниманието.

За прв пат големиот предизвик ќе го почувствуваат 9-кратниот рели шампион Себастијан Лоеб кој не со Цитроен туку со Пежо ќе го вози Дакар,додека со Мини ќе дебитира неговиот голем ривал од светскиот рели шампионат- Мико Хирвонен.