Првојануарска вечер за домаќините

02.01.2016 20:03

Со одлична завршна четвртина во која Лејкерси постигнаа третина од вкупниот број поени со 93-84 и го нанесоа и 32-от пораз на Филаделфија,ја забележаа 7-та сезонаска победа...

Еден од поинтересните натпревари одиграа фенерџиите во двете конференции Лос Анџелес Лејкерс од западната и Филаделфија од источната конференција.Со одлична завршна четвртина во која Лејкерси постигнаа третина од вкупниот број поени со 93-84 и го нанесоа и 32-от пораз на Филаделфија,ја забележаа 7-та сезонаска победа,втора во серија без Коби но и натаму се приковани на дното во конференцијата.Вилијамс беше најефикасен во победничкиот состав со 24 поени и 5 асистенции,помогнат од Кларксон кој запиша 19 поени.

Чикаго предводен од Батлер со 23 поени убедливо го совлада Њу Јорк со 108-81,Вајтсајд,Грин и Бош заедно постигнаа 60 поени во победата на Мајами над Далас со 106-82,Торонто дома го победи Шарлот со 104-94,а домашниот терен се покажа предност и за Вашингтон кој предводен од Портер и Вал го победи Орландо со 103-91 со одлична игра во завршниот период што го доби со 31-19.