Концерт- 70 години од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски

21.01.2014 13:20

Утре со со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет

Утре со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи концерт насловен како “70 години од раѓањето на композиторот Ристо Аврамовски“ (1943-2003).

Еден голем дел од животот Ристо Аврамовски беше поврзан со Македонскиот народен театар, односно со Македонската опера и балет.

Ристо Аврамовски беше еден од ретките македонски композитори, ако не и единствен кој создаде дела од сите музички форми, од соло песни до ораториуми и опери. Тој е автор на музиката за балетот „Чекори на Терпсихора“, по текст и либрето на Блаже Конески.

Сепак, врв на неговото творештво се оперите  „Болен Дојчин“ и „Лидија од Македонија“. Во „Лидија од Македонија“ тој сиот се вложи во неговото создавање, а Македонската опера и балет му се оддолжи со прекрасните изведби на сцените во Скопје, на матичната сцена и во Охрид, на фестивалот „Охридско лето“.