Батерии за смартфони кои траат 40% подолго

05.01.2016 10:57

Јапонската компанија, како што велат, е при крај на конструкција на батерии за паметни телефони кои ќе траат 40 отсто подолго од денешните ион-литиумски батерии.

Паметните телефони се потенки и посилни со секоја нова генерација, но нивниот развој не го следи технологијата на батериите. Сопствениците на мобилните телефони најмногу се жалат на краткиот век на траење на батериите, кои не можат да издржат цел ден без потреба за полнење. Сони е уште една од фирмите која е на праг да го реши тој проблем...

Јапонската компанија, како што велат, е при крај на конструкција на батерии за паметни телефони кои ќе траат 40 отсто подолго од денешните ион-литиумски батерии.

Навистина, има се повеќе уреди со Quick Charge опција, но без оглед на тоа, останува фактот дека на пазарот нема многу уреди кои можат да преживеат целодневно користење без полнење на батеријата.

Инаку, Сони е најголем светски производител на батерии и токму тие ја претставуваат првата комерцијална ион-литиумска батерија. Сега работат на развој на нова технологија која се темели на сулфур и три пати е помала од стандардната батерија за мобилни телефони. Како што велат од Сони, новата батерија може да издржи 14 часа сурфање на АјФон 6s, со едно полнење.

Проблемот со сулфурните батерии е во тоа што електродите се топат во електролитот многу брзо секогаш кога се полнат, што го намалува капацитетот на батеријата. Изгледа дека во Сони успеале да најдат решение за тој проблем, па сега ја тестираат безбедноста на новите батерии. Тажна вест е што ќе мора да чекаме до 2020 година, пред овие батерии да стигнат на пазарот.