Правила за здрави и цврсти нокти

21.01.2014 13:59

Чувајте ги ноктите чисти и суви. Избегнувајте грицкање, агресивно чистење под ноктите и отстранување на ноктените кожички т.е. кутикулите, бидејќи лесно може да ги инфицирате. Нанесувајте хидратантен крем на ноктите и на кутикулите секој ден.

Редовно кратете ги ноктите и турпијајте ги во еден правец со лесно заоблување. Во случај на враснување на ноктот, побарајте помош од дерматолог. Избегнувајте предолго држење на рацете во вода, избегнувајте користење многу силни детергенти и сапуни и, доколку е можно, користете заштитни ракавици. Не лакирајте ги постојано ноктите и избегнувајте отстранувач на лак со ацетон и формалдехид.
Носете свој прибор доколку често правите маникир и педикир во козметички салон. Носете удобни обувки, со што ќе избегнете враснување на ноктите поради притисокот. Јадете храна што го потпомага растот и ја одржува цврстината на вашите нокти како протеини, омега три масни киселини, биотин, витамин А, Д, Ц и Б, цинк, железо, калциум, селен и многу вода

Иако промените на ноктите честопати придружуваат многу состојби, овие промени ретко се прв знак и многу од нив се безопасни. Сепак доколку сте загрижени за изгледот на вашите нокти, јавете се кај дерматолог што ќе одреди дали е потребна терапија и ќе ви ја пропише.