Скијање - слалом жени Санта Катерина (Италија)

Прва победа во кариерата на Норвежанката Лосет

05.01.2016 21:01

Лосет беше најбрза и во двете трки што потврдува и предноста од секунда и 12 стотинки пред Шарка Страхова од Чешка и секунда и 37 стоти делови од Вероника Зузулова од Словачка.

Иако десет сезони се натпреварува во Светскиот куп, норвешката скијачка Нина Лосет на 26 години ја оствари првата победа. По третото место во Оре и второто во Куршевел, Лосет триумфираше на слаломот во италијанска Санта Катерина којшто беше замена за загрепско Сљеме.

Лосет беше најбрза и во двете трки што потврдува и предноста од секунда и 12 стотинки пред Шарка Страхова од Чешка и секунда и 37 стоти делови од Вероника Зузулова од Словачка.

Иако беше петта, презадоволна од петиот слалом сезонава беше и Швеѓанката Фрида Хансдотер која во поредокот во најтехничката дисциплина остана прва со 94 бода повеќе од Страхова, а во генералниот пласман се проби на втората позиција со 137 бода помалку од Швајцарката Лара Гут, но 21 повеќе од Американката Линдѕи Вон.