Фудбал

Кралот на Глаксијата предводник на Галактикоси

05.01.2016 21:03

43-годишниот Французин во сезоната 2013-14 му беше асистент на Карло Анчелоти, додека последните две години го предводеше Б тимот на Реал што е единствено негово тренерско искуство.

Откако рафаел Бенитез доби отказ, неговиот наследник Зинедин Зидан пред 6000 гледачи го одржа првиот тренинг со фудбалерите на Реал Мадрид. 43-годишниот Французин во сезоната 2013-14 му беше асистент на Карло Анчелоти, додека последните две  години го предводеше Б тимот на Реал што е единствено негово тренерско искуство. Административната елиминација од Кралскиот куп, податокот дека не победи ниту во едно дерби, но пред се калкулатнскиот стил на игра, беа причините за заминувањето на Бенитез кој за предвремената разделба ќе добие 7,3 милиони фунти.

Како и секој тренер на Реал, Зидан ќе има обврска да ја врати шпанската титула и по можност да ја освои 11-та во Лигата на шампионите. Дома Реал има четири бода помалку од Атлетико и два од Барселона.

„Подготвен сум за предизвикот којшто ме очекува и ќе дадам се за работите да се одвиваат добро. Сакам да играм напаѓачки и балансиран фудбал и тоа е тоа“, изјави Зидан.

Како фудбалер на Реал Мадрид, Зидан од 2001 до 2006 одигра 225 натпревари, постигна 49 гола, беше шампион на Европа и на Шпанија, го освојуваше домашниот и УЕФА Супер купот, како и титулата на Светското клупско првенство.

На клупата на кралскиот клуб, Зидан ќе дебитира в сабота против Ла Коруња на Сантијаго Бернабеу.