Голден Стејт незапирлив, во Далас две продолженија

06.01.2016 19:09

Најдобриот тим во профи-кошаркарската конкуренција беше доминантен во „Стејплс центар“ против Лејкерс. Резултатот зборува доволно 109-88.

Голден Стејт се прошета во Лос Анџелес, а Далас и Сакраменто играа две продолженија и ги тренираа нервите. Тоа се двата главни наслова од НБА лигата.

Најдобриот тим во профи-кошаркарската конкуренција беше доминантен во „Стејплс центар“ против Лејкерс. Резултатот зборува доволно 109-88. Стеф Кари одигра за него скромни 26 минути и постигна само 17 коша, но Клеј Томпсон достојно го замени со вкупно 36 поени од коишто дури 22 во првата четвртина. Кај Лејкерс, Џордан Кларксон со 23 коша не можеше да ја спречи 33-тата победа во 35-от натпревар сезонава за актуелниот првак.

Многу повозбудливо беше во Далас каде што домаќинот го совлада Сакраменто со 117-116 по две продолженија. Во првото Демаркус Казинс на две секунди до крај го обезбеди првото дополнително време за Сакраменто, а Дерон Вилијамс со тројка во последната секунда ја донесе победата за Далас. Вилијамс имаше 25 поени, два повеќе од Новицки, а кај Сакраменто Казинс заврши со 35 коша, а Геј со 31.

На другите натпревари, Чикаго дома се радуваше против Милвоки со 117-106, а Њујорк беше подобар од Атланта на нејзин терен со 107-101.