Словенија е минато, брусењето на формата со Црна Гора

06.01.2016 19:22

Иако има само уште осум дена до првиот дуел со ракометниот суверен Франција, селекторот Обрван се уште може да ја бруси формата на македонскиот национален состав.

Двата нерешени резултата против Словенија на гости ниту смеат, ниту ќе ги опуштат нашите ракометари во пресрет на Европското првенство во Полска. Но според индувидуалниот и тимски квалитет на противникот за којшто најдиректно можевме да посведочиме на ланскиот Мундијал во Катар, првите два натпревара во 2016-та можат да бидат вовед во една незаборавна јануарска ракометна бајка.

Иако има само уште осум дена до првиот дуел со ракометниот суверен Франција, селекторот Обрван се уште може да ја бруси формата на македонскиот национален состав. Црвено-жолтите се подготвуваат за Србија, но никој отворено, па и прикриено, не сака да ги прескокне првите две средби во групата во краков.

Словенечкиот кормилар Веселин Вујовиќ на двете реми средби со нас гледа како на показатели за потреба од поголеми корекции. Пријателскиот карактер на соочувањата со нив, кај нас не може да предизвика нереална слика за можностите. Македонската репрезентација е заедно толку долго што за одредувањето на целите речиси има консензус.

До Европскиот шампионат, Македонија ќе одигра уште два пријателски меча, двата во Скопје со Црна Гора. Од првиот којшто ќе биде од отворен карактер, Македонската телевизија ќе прави пренос, в недела од 20 и 15 минути, на Првиот канал.