Голден Стејт продолжува да “гази“ во НБА

10.01.2016 18:28

Шампионот ја продолжи фантастичната сезона и сега има 35 – 2.

Стеф Кари беше безмилосен против помладиот брат Сет во 35 сезонска победа на Голден Стејт во Сакраменто. Најдобриот играч и стрелец во лигата постигна 38 поени, меѓу кои 8 тројки од 14 обиди имаше и 11 асистенции и 4 скокови во победата од 128 :116. Грин придодаде 25 поени и 9 скокови, а кај домашните најдобар Казинс со 33 поени и 10 скокови. Сет кари беше незабележителен од клупата на “кралевите“ и за 8 минути игра немаше ниту еден шут кон кошот. Шампионот ја продолжи фантастичната сезона и сега има 35 – 2.

Со сигурните игри продолжи и ЛА Клиперс и славеше во Шарлот 97 :83 предводен од Крис Пол со 25 поени, а расположен под обрачите беше Деандре Џордан со 11 поени 19 скокови. Атланта славеше со 120 :105 против Чикаго, а инспириран беше Хорфорд со 33 поени и 10 скокови, додека кај “биковите“ Миротиќ заврши со 24 поени и 10 скокови. Детроит го совлада Бруклин 103 : 89 благодарение на Драмонд со 23 поени и 11 скокови. Домашна победа забележа и Јута над Мајами со 98 : 83. Одлична вечер имаше Хејвард со 34 поени, 10 повеќе од Бош во редовите на Мајами. Вашингтон оствари гостинска победа во Орландо со 105 : 99. Вол имаше 24 поени и 10 асистенции, а кај Орландо одново Вучевиќ најдобар со 24 поени и 9 скокови. И Торонто беше поуспешен на гостински паркет против најслабата Филаделфија со 108 : 95 предводен од Лаури со 25 поени. На табелата Голден Стејт и натаму убедливо води со 35 – 2 пред Сан Антонио со 32 – 6, а на истокот Кливленд е најдобар со 25 – 9.