Македонските борачи ги почнаа подготовките

12.01.2016 19:42

Вкупно четворица борачи во машка и една претставничка во женска конкуренција заедно со државните тренери заминаа на подготовки во Тетевен, Бугарија...

Федерацијата за боречки спортови се мобилизира во обидите да се избори за олимписка норма за Рио во најтрофејниот македонски спорт. Денес кандидатите за настап на квалификациските турнири имаа состанок со претседателот на федерацијата Ванчо Чифлиганец. Вкупно четворица борачи во машка и една претставничка во женска конкуренција заедно со државните тренери заминаа на подготовки во Тетевен, Бугарија. Дејан Митров, Јасин Реџелари Менка Стојаноска се потенцијални олимписки кандидати, а помладите Иван Јанев и Елмедин Сејфулау пред се за подготвуваат за Европското првенство за борачи до 23 годишна возраст. Тие ќе тренираат под стручен надзор на државните тренери Љуљзим Вранези и Страшо Глигоров следниве 15 дена во конкуренција на свои колеги од неколку земји меѓу кои се Бугарија, Словачка, Кина и Нигерија.

До квалификациите ќе настапат на силните турнири “Дан Колов“ и “Јашар Доглу“. Во меѓувреме уште двајца натурализирани наши борачи Аксербиев и Нуров под водство на олимпискиот медалист Могамед Ибрагимов се наоѓаат во базата “Белмекен“ каде што ја темпираат формата во конкуренција на спаринг партнери од Романија и од Италија.