Голден Стејт го “брка“ рекордот на Чикаго од 1997 година

12.01.2016 19:45

Иако со нешто послаб процент на реализација, Стеф Кари постигна 31 поен и беше најзаслужен за успехот на момците од “златната земја“ заедно со стандардниот ефект на Дрејмонд Грин со 22 поени и 12 скокови и на Клеј Топмсон со 17 поени.

Стеф Кари доби многу дуели сезонава, го доби и Двејн Вејд во најновото шоу на Голден Стејт во Сакраменто. Актуелниот шампион славеше над тројниот првак Мајами со 111 :103 и ја постигна својата 36 победа сезонава, воедно 36 едноподруго на домашен паркет. Иако со нешто послаб процент на реализација, Стеф Кари постигна 31 поен и беше најзаслужен за успехот на момците од “златната земја“ заедно со стандардниот ефект на Дрејмонд Грин со 22 поени и 12 скокови и на Клеј Топмсон со 17 поени. Интересно е што сите стартери беа послаби во “плус минус“ рангирањето, но имаа одлична поддршка од клупата. Кај “жешките“ кои имаа 8 победи во последните 11 гостувања во Оукленд најдобар беше Двејн Вејд со 20 поени, а Крис Бош и Џералд Грин постигнаа по 15. Голден Стејт има фантастичен ефект од 36 победи и 2 пораза и ако продолжи со тоа темпо, на добар пат е да го собори рекордот на славната генерација на Чикаго Булс од 1996 /97 година која предводена од Мајкл Џордан имаше 72 -10.

Ни Сан Антонио не се откажува од битката за врвот и сеуште го одржува чекорот со лидерот по гостинската победа од 106 :79 над Бруклин. Ламаркус Олдриџ беше најдобар со 25 поени и 11 скокови, Каваи Ленард додаде 17 поени во 33 победа на “мамузите“ кои имаат и 6 загубени средби. Вашингтон го изненади Чикаго со 114 :110. Од седумтемина со двоцифрен број поени кај “волшебниците“ најдобар беше Џон Вол со 17 поени и 10 асистенции, а кај “биковите“ не помогнаа ни 23 поени на Дерик Роуз, ниту 15 поени и 10 скокови на Пау Гасол.