Ракомет - ЕП Полска

Прво, па Франција

14.01.2016 18:51

Свежи се се уште сеќавањата на двата пораза во двобоите со ракометните вонземјани, зашто триколорите ни беа ривали токму во квалификациите за ова Евро првенството.

Прво, па на мегдан против актуелниот владетел во светот на ракометот.Македонија против Франција на отворањето на четвртиот настап на Европските шампионати.Во Полска во групата во Краков и против домаќинот и против континенталниот владетел.Ваков почеток не паметиме на големите настани на кои жолто-црвените опстојуваат шеста година по ред.

Свежи се се уште сеќавањата на двата пораза во двобоите со ракометните вонземјани, зашто триколорите ни беа ривали токму во квалификациите за ова Евро првенството. 

„На некој начин имаме среќа што ќе ги одмериме силите со противник кој доминира цела деценија во светот. Ќе одиграме максимално за да фатиме ритам за она што не очекува по Франција“,  изјави капитенот Кире Лазаров пред третиот официјален двобој со апсолутниот фаворит.

Ритамот мора да се диктира и зголемува постојано без оглед  на противникот и исходот, особено против бранителот  на тронот. Таткото на оваа селекција Клод Онеста беше приморан да ја подмладува порано поради проблемите со повредените играчи. Можеби  тука треба  да ја бараме својата шанса. Голманот Борко Ристовски е свесен и за квалитетите на француските резервисти, но посакува да се искористи и минимално понудената шанса.

„Се работи за екстремноталентирани ракометари, кои знаат да се мотивираат во секој натпревар и да ја искористат најдобро, понуденат шанса. Франција е апсолутен фаворит во секој поглед“, коментира нашиот голман кој бранеше сезона и пол во Кретеј и добро ги познава француските ракометари.

Мораат и избраниците на Ивица Обрван да го понудат најдоброто ако сакаат да најават  добар старт во Краков, а може  ли  одмерување на силите со ракометните супер-луѓе да мине без борба, без оставање срце на терен. Катар во подготвителниот период покажа дека оваа Франција е ранлива. Во олимписките години французите никогаш не биле европски прваци , на пример.

Краков и Катовице утре ќе бидат главни ракометни градови во Европа. Во Краков во првиот дуел од 18 часот Македонија и Франција ќе  бидат во центарот на вниманието и со пренос на Македонската телевизија. Потоа следи свеченото отворање на шампионатот, па вториот меч во кој домаќинот Полска се судира со Србија во 20.30 исто така со пренос на Мтв.

За нас интересни ќе бидат и двобоите во бе групата во Катовице каде што играат селкциите кои во главната групна фаза ќе вкрстат со Македонија. Хрватска ќе треба да ја оправда фаворитската улога против Белорусија, а Исланд и Норвешка се ривали во скандинавското дерби.

Југослав Костовски