Пораз за самодоверба

15.01.2016 21:16

Нашата најдобра ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на европското првенство во Полска.Во дуелот со актуелниот европски шампион Франција,Македонија загуби со на крајот убедливи 7 голови разлика 30-23.

И кој денеска ќе поверува ако не го гледал натпреварот дека нашите ракометари во најголемиот дел од натпреварот беа најмалку рамноправен ,а на моменти и многу подобар противник од апсолутниот ракометен владетел.Се до 51-та мунута до резултат 22-22 по што следуваше погодок на триколорите,веднаш потоа и наша грешка при тргнувањето од центарот,украдена топка и контра на Абало по што веќе немаше враќање.Неколку промашувања и технички грешки во нападот што беше доволно искусниот француски состав да се одлепи и на крајот да слави со 30-23.

Сепак место за разочарување нема,против Франција требаше да се проба,без оглед на добрата игра во 50 минути нашите ракометари се поразени ,но веројатно полни со самодоверба во пресрет на следните натпревари против домаќинот Полска и веројатно решавачкиот за пласман во втората фаза против селекцијата на Србија.Затоа што одиграа одлично прво полувреме,во 14-тата мунута со двојниот цепелин на Лазаров и Манасков поведоа со 8-6,а на полувреме заминаа со 12-12.

Во второто одново покажаа карактер,успеаја да се вратат по водство на французите со 20-17,но немаа сили и концентрација во финишот.

Лазаров со 9 погодоци беше најефикасен во нашиот состав,Манасков постигна 5 ,Георгиевски 4 ,а кога беше најпотребно со одлични одбрани,на крајот 10,Ристовски ја одржуваше нашата селекција во резултатски приклучок.

Во одбраната немавме решение за Сораиндо кој од линијата на 6 метри запиша исто толку погодоци,го запревме Карабатиќ на 2,но французите го имаа Омејер на голот кој спречи 16 наши шутеви.

Шансата за изненадување е пропуштена ,но првенството штотуку почна. Во следниот натпревар утре против домаќинот Полска одново ќе се проба,за на 19-ти сите сили и енергија да се концентрираат на мечот со Србија што би требало да не одведе меѓу најдобрите 12-ет во Европа и во втората фаза на шампионатот во Полска.