Ивица Обрван: Добро изгледавме, но конечниот резултат ја расипува сликата

15.01.2016 22:25

Сме гледале многу слични натпревари на овој ривал. Задоволен сум од 55-те минути, а не можам да бидам незадоволен севкупно

По поразот од Франција на стартот од ЕП во ракомет во Полска, селекторот на Македонија е задоволен од пожртвуваноста, борбеноста, но не и од финалниот резултат

Сме гледале многу слични натпревари на овој ривал. Задоволен сум од 55-те  минути,  а не можам да бидам незадоволен севкупно, иако последните минути  ја расипуваат  комплетната слика...Не беше тоа некоја генијална претстава но моравме да отвориме против олимписките, светски и европски прваци. Се боревме  колку што можевме, до полувреме и нерешено..Имавме ситуации во кои и среќата не беше на наша страна, неколку стативи, грешката при изведување центар. Значи можеше да биде и негативата , три, четири разлика.Можеби со повеќе среќа и знаење,  можевме  да го имаме натпреварот  и неизвесноста до самиот крај. Задоволни сме како изгледавме , не можеме да бидеме задоволни од високата разлика на крајот. Одиме понатаму, мораме да размислуваме веќе за следниот противник, селекцијата на Полска, вели Обрван.