Ракомет ЕП -1 коло

Тешки, но победи на фаворитите

15.01.2016 23:27

Македонија одигра добар меч, не може да биде поинаков заклучокот и покрај поразот од Франција со 30:23. Нашите ракометари не се исплашија од апсолутниот шампион...

Фаворитите победија, но условните аутсајдери потврдија дека нашата Група А на Европското ракометно првенство е најтешка. Македонија одигра добар меч, не може да биде поинаков заклучокот и покрај поразот од Франција со 30:23. Нашите ракометари не се исплашија од апсолутниот шампион,  на 13 минути пред крајот имаа контра за водство, во 50-та минута одржуваа нерешено. Благодарение на одличните физички предиспоцизии триколорите го извлекоа триумфот, на крајот преубедлив. Кире Лазаров постигна 9 гола, Манасков пет, Георгиевски 4, Ристовски собра 10 интервенции. Кај Французите пивотмените беа наш најголем проблем, па Сорандо реалзираше 6, Лука Карабатиќ 3 погодоци, ги следеше Порт со 4.

Мачењето на Полска во Краков траше нешто подолго. Србија загуби со 29:28, но Никчевиќ не погоди пенал на 53 секунди до крајот. Јурецки кај домаќинот беше нејафикасен со 7 гола, исто толку постигнаа и Ненадиќ и Никчевиќ кај Србија.

Полска има проблеми особено во одрбаната и на централната бековска позиција што е шанса за Македонија во пресметката в недела во 20.30. Во второто коло ќе играат и Франција - Србија.

На стартот на Европскиот шампионат во конкуренцијата Б во Катовице, Хрватска славеше против Белорусија со 27:21, а Исланд со голот на Сигурдсон на десет секунди пред крајот ја победи Норвешка со 26:25.

Саботата ќе понуди четири нови дуели, особено интересни во Групата Ц. Во 18.30 со пренос на МРТ1 ќе играат Шпанија и Германија, по нив во Вроцлав и Шведска - Словенија.

Во сегментот Д во Гдањск ќе се спротивстават Унгарија - Црна Гора и Данска - Русија во 20.15, директно на „Прва“.

Од Краков, за Македонската телевизија, Горан Стерјов