Србија и Франција го отвораат второто коло

17.01.2016 11:51

Во Таурон арената во Краков програмата ќе ја отворат селекциите на Србија и Франција како најава за мечот што за нас е во центарот на вниманието меѓу нашата и селекцијата на домаќинот Полска.

По денот за одмор ,за анализа и  за сумирање на впечатоците од првиот натпреварувачки ден во А и Б групите,денеска на европското првенство во Полска стартува второто коло од првата фаза.Во Таурон арената во Краков програмата ќе ја отворат селекциите на Србија и Франција како најава за мечот што за нас е во центарот на вниманието меѓу нашата и селекцијата на домаќинот Полска.

Актуелниот европски шампион Франција по тешката победа над Македонија најавува внимателна игра против Србија,особено што самодовербата кај ракометарите на Србија е на највисоко ниво по за нив поразот рамен на победа од селекцијата на Полска.Двете селекции досега двапати играле меѓусебе, двапати на европските шампионати и на двапати Франција излегувала како победник.Во 2004-тата во фазата по групи Франција ја победила Србија со 23-20,како и во 2014-тата во данска кога триколорите славеле со 31-28.Мечот Србија –Франција почнува од 18 часот и 15 минути со пренос на првиот програмски сервис на МРТ,веднаш по него ќе се концентрираме на настапот на нашата селекција против Полска од 20 часот и 30 минути,додека во за нас интересната Б група со која ќе се вкрстува во втората фаза,денеска ќе се играат натпреварите Белорусија –Исланд и Норвешка-Хрватска.