Болен пораз, но шансите остануваат

17.01.2016 11:05

Боли тоа што Македонија одигра рамноправно против Полјаците кои беа водени од 12.000 глеачи во „Таурон арена“; Бековската линија на противникот беше неутрализирана во првото полувреме, во коешто само пикерот Сипжак беше нерешлив проблем...

Од височините до бездната. Македонските ракометари беа блиску до значаен бод, дури и до победа против Полска, но загубија со 24-23. Големата слика не е расипана, за место во вториот круг на Европското првенство потребен е триумф, дури и реми против Србија. А доколку се случи тоа во утрешниот натпревар, се ќе биде според желбите и плановите. Ж

Боли тоа што Македонија одигра рамноправно против Полјаците кои беа водени од 12.000 глеачи во „Таурон арена“; Бековската линија на противникот беше неутрализирана во првото полувреме, во коешто само пикерот Сипжак беше нерешлив проблем. Борко Ристовски бранеше, Кире Лазаров торпедираше, Миркуловски пробиваше. Бевме подобри и со човек помалку на теренот. Се одеше и Македонија водеше со 13-11 по првото полувреме.

Во второто, нашиот национален состав не го одржа нивото во нападот. Гранитната полска одбрана ги неутрализираше нашите бекови, а нападот со Јурецки, Лијевски и Бјелецки го сврте резултатот. Кире промаши два пенала, не реализиравме и два зицера, Шмал се разбрани, неколку топки се одбија кај противникот. И среќата не издаде, па Полска поведе со 24-20 во 57-та минута. Но Македонија чудесно се врати иако во тој дел од мечот играше и со ракометар помалку. Постигнавме три гола во серија, дури и имавме 18 секунди напад за реми. Не успеавме да се организираме и загубивме. Добро е што успеавме да ја задржиме подобрата гол-разлика од Србите, па сега и со реми ќе одиме во групата од втората фаза. Лошо е што нашите ракометари се трошеа и против Франција и против Полска, емотивно и физички, а Србија одигра лесно тренинг второ полувреме против „триколорите“ чекајќи ја пресметката со нас.

„Некои играчи се истрошија, но доволно ротиравме, така што има време да се регенерираме. Имаме мотиви и верувам дека можеме да победиме против Србија“, вели македонскиот селектор Ивица Обрван.

Прерпевме два пораза, но првенството не е завршено. Франција и Полска не сакавме да ги прескокнеме. Едноставно не можевме според квалитетот и веќе изграденото реноме. Но ако се држиме до првичниот план, Европскиот шампионат во Краков за нас почнува утре со пресметката со Србија. Со реми или победа Македонија ќе биде меѓу 12-те најдобри и ќе одигра уште три натпревари. Затоа не треба да заборавиме дека се врти, се уштге се врти!!!