Франција со леснотија ја победи Србија и веќе размислува за дербито со домаќинот

Апсолутниот шампион апсолутно доминантен

17.01.2016 23:50

Бранителот на тронот брзо и драстично го поправи впечатоткот по двобојот со Македонија и покажа дека и со половина сили е недопирлив за ривалите.

Франција и повеќе од рутинирано ја совлада Србија со 36-26 и ја потврди својата супериорност. Бранителот на тронот брзо и драстично го поправи впечатоткот по двобојот со Македонија и покажа дека и со половина сили е недопирлив за ривалите.

Србија се обидуваше да одржува резултатска тензија 40-тина минути и се откажа, откако сфати дека нема потреба да се трошат силите пред решавачкиот двобој со нас. До извесниот крај  селекторот Дејан Периќ ја одмораше стартната постава.

Триколорите за само 6 минути се одлепија на три разлика и со доволно дозирана игра ја одржуваа максималната предност од три со која и се замина на пауза. Уште 10 минути во второто полувреме им требаа да одиграат под резултатско оптоварување,пред серијата од 4-0 кој атргна од 41-та минута.

Трите гола на Никола Карабатиќ и еден на Абало ставија   крај на приказната и дилемата околу победникот. Од 25-21 до 29-21 и до крајот лесна презентација на доминацијата на резервистите на Франција против втората постава на Србија. И тука фаворитот ја демонстрираше разликата во квалитет за конечни 36-26. Се случува и тоа, замислете Омејер имаше 4 одбрани а неговата резерва Жерар, 5.

Голгетерски најрасположен беше Нијокас кој по паузата против Македонија погоди 8 пати. Одлична подршка имаше во Абало кој постигна 6 гола, а трет на листата на стрелците која броеше 10 играчи беше Мае со 5. Кај поразените Шешум беше најефикасен со 7 гола, 4 постигна Ненадиќ, но потрфрлија голманите со вкупно 5 одбранети удари: Станиќ три  Ѓукановиќ два. 

 

Југослав Костовски