Ракомет, ЕП Полска: инфаркт натпревар за прогрес меѓу 12-те најдобри

Реми како победа за Македонија против Србија

19.01.2016 22:33

Исцрпувачка и физичка и психолошка војна на балканските ривали. Во резултатската нишалка, со 14 изедначувања, ниту Македонија ниту Србија не успеа да се одлепат на повеќе од еден разлика...

Македонија останува во Полска , во главната фаза од шампионатот  откако во решавачкиот двобој за прогрес одигра реми како победа против Србија, 27-27 Тежок, исцрпувачки двобој со нашиот сосед во кој успеавме да ја вратиме енергијата и самодовербата на потребното ниво, но само за нерешено и тоа во последните секунди со голот на Манасков.

Лесни голови, течни акции немавме многу, имавме проблеми во одбраната со контрола врз противничката бековската линија во изедначеното прво полувреме. Србите тргнаа според планост, со добар ефект на бековите и наша нервозна игра во грч и во одбрана и во напад...5-7 за 13 минути а потоа пресврт за наша позитива од 12-10 во финишот на 4 минути пред паузата, со серија од 3-0, кога од 9-10 погодија крилата,  Манасков два пати и Ѓеоргиевски.

Во продолжението исцрпувачка и физичка и психолошка војна на балканските ривали. Во резултатската нишалка, со 14 изедначувања, ниту Македонија ниту  Србија не успеа да се одлепат на повеќе од еден разлика, иако српската селекција водеше 12 пати а црвено-жолтите саамо во три пати: 15-14 (32 мин), 21-20 (48 мин) и 22-21 (50 мин).

Неизвесноста кулмиираше со драматични 60 секунди во кои најпрво Стоилов реагираше лавовски и отпадокот го претвори во гол, за изедначување, па Ѓукиќ зголеми на 27-26, а во последните 10 секунди, Манасков ја однесе Македонија меѓу најдобрите 12 кои продолжуваат во главниот групен сегмент.

Нашето крило го заврши мечот како најдобар стрелец со 10 гола и одлична реализација од 71% и со максимален ефект 4/4 од линијата за 7 метри. Подршката стигна од Ѓеоргиевски кој постигна 5 и од Кире Лазаров и Стоилов со по 4 гола. Ристовски на голот одбрани 6 удари.

Кај поразените бековскиот тандем Шешум и Ненадиќ застанаа на 7 гола, Никчевиќ додаде 5. Македонија главната групна фаза ја отвора со дуел против Хрватска в четврток. На 25 јануари противник е Норвешка а два дена подоцна одиме на мегдан со Белорусија. Заедно со Белорусите тргнуваме без пренесени бодови во новата група, за разлика од Норвешка која носи 4 и Хрватска која стартува со 2 бода.