Ракомет - ЕП Полска

Македонија е меѓу 12 во Европа- тоа останува

20.01.2016 08:15

Сега само тоа е важно, тоа се брои-Македонија е меѓу најдобрите 12 во Европа и веруваме уште не го кажала последниот збор на европското првенство.

Грешевме,промашувавме зицери,фрлавме топки во аут, го разбранивме противничкиот голман,одигравме во грч,повеќе на сила отколку на убавина, но постигнавме реми-рамно на победа.

Сега само тоа е важно, тоа се брои-Македонија е меѓу најдобрите 12 во Европа и веруваме уште не го кажала последниот збор на европското првенство.

Почнавме со добри игри во групата против  Франција и Полска, се покажа залудно- Македонија ги загуби двете средби против фаворитите, иако заслужи барем бод. Се надевавме дека ќе ни се врати,дека среќата не ни го свртела грбот. И се случи, кога беше најпотребно, на натпреварот да се биде или не и тоа во последната секунда против селекцијата на Србија.

Се покажа претежок товарот на плеќите на нашите ракометари, преголем психолошкиот притисок.

Но, од ваквите натпревари се излегува посилен, полесен од товарот дека се мора. Македонија на европското во Полска ќе одигра уште најмалку три натпревари. Нема да пренесе бодови во новата група, но ќе продолжи со уште поголема самодоверба.

Денеска е ден за одмор, од утре нови искушенија. Првото против трофејната селекција на Хрватска, а потоа и со репрезентациите на Норвешка и Белорусија.