Ракомет - ЕП Полска 2016

Како против Франција и Полска за нови победи?

20.01.2016 16:45

Многу сум среќен што успеавме да обезбедиме пласман во следниот круг и уште најмалку три натпревари. Противниците наизглед, а и навистина е така се послаби во однос на оние од првата група, но доволно тешки за да не чека вистински предизвик. Хрватска се буди и има квалитет, Норвешка пренесе четири бода, а Белорусија е изненадување. Ке биде тешко, но ќе се обидеме да ги повториме игрите од мечевите со Франција и со Полска и да оствариме уште некоја победа, Вели Обрван а МРТ...

Селекторе Обрван, честитки за пласманот во втората фаза и пред се за добрите игри против Франција и Полска. Дуелот против Србија беше очекувано тежок и тоа е  така кога се игра клучен натпревар. Претпоставките се дека наизглед имаме, не лесна, ама група во којашто можеме да играме, Хрватска, Норвешка и Белорусија, но веројатно анализите не велат така!?

Обрван: „Благодарам за честитките, јас пак, им честитам на сите наши ракометари за игрите во трите меча, како и за фантастичната борбеност. Натпреварите со Франција и со Полска беа на високо ниво. Против фаворитите, на само во групата туку и за медал одигравме одлично, додека против Србија одигравме во грч затоашто се знаеше дека, поуспешниот продолжува натаму, па не бевме на нивото од претходните дуели. Натпреварот со Србија сите го оценија како одличен за гледање, па и од странските медиуми ни честитаа. Многу сум среќен што успеавме да обезбедиме пласман во следниот круг и уште најмалку три натпревари. Противниците наизглед, а и навистина е така се послаби во однос на оние од првата група, но доволно тешки за да не чека вистински предизвик. Хрватска се буди и има квалитет, Норвешка пренесе четири бода, а Белорусија е изненадување. Ке биде тешко, но ќе се обидеме да ги повториме игрите од мечевите со Франција и со Полска и да оствариме уште некоја победа“.

Прв е мечот против Хрватска, можеби најнезгондо, но ако одиграме како против Франција и Полска дали тоа би било доволно да се изненади противникот!?

Обрван: „Не би можел да ви одговорам на тој начин. Единствено сакам да се подготвува со играчите за да одиграме натпревар како против Франција и Полска опуштено, како и да се бориме за секоја топка, во одбрана и напад, да дадеме максимум и на основа на тоа да се обидеме да обезбедиме позитивен резултат што би било голем успех“.

Конкретно, дали Хрватска е посилна од пред една година и меѓусебниот дуел на СП во Катар?

Обрван: „Мислам дека во Катар, Хрватска беше нешто посилна и играчки и на хартија. Тоа сега е помлада репрезентација со повеќе енергија на теренот. Иако имаа некои проблеми го прегазија Исланд со 10 разлика кој испадна од ЕП, а е посотојан учесник на на сите Европски и Светски првенства и Олимписки игри, што е голем резултат. Сигирно не чека еден сериозен противник, репрезентација којашто има голем избор на играчи, но ние немаме што да каклулираме, туку  ќе дадеме максимум и ќе барама победа“.

Од Краков за Македонската телевизија, Горан Стерјов