Ракомет - ЕП Полска 2016. Македонија - Хрватска

Респектот голем, желбата за победа уште поголема

21.01.2016 16:02

Пласманот меѓу12-те репрезентации дозволува мало ослободување од притисокот, но не и опуштање. Хрватска е репрезентација којашто мотивира и којашто им должи на нашите ракометари.

Со пет големи натпреварувања по ред, пред Македонија треба да е поголема висока цел од само настап во главната фаза на Европското првенство во Полска. Пласманот меѓу12-те репрезентации дозволува мало ослободување од притисокот, но не и опуштање. Хрватска е репрезентација којашто мотивира и којашто им должи на нашите ракометари. Три порази во четирите официјални натпревари, последниот на мундијалот во Катар. Противникот ја менува генерацијата, но не и навиките, повторно има амбиција да стигне далеку.

„Мислам дека против Хрватска треба да го дадеме максимумот. Хрватска е нова селекција со екстра талентирани и млади ракометари, малку ја подмладија селекцијата за разлика од Светското првенство во Катар. Слободно можам да кажам дека шансите се 50:50. Имаме добри шанси да одиграме добар натпревар и да се надеваме на победа“, изјави за МРТ, нашиот капитен, Кире Лазаров.

Хрватите имаат голем респект кон Македонија, особено кон нашиот капитен, но потенцираат дека не смеат да направат грешка и да се обидат да го сопрат Лазаров, а тој да ги разигра другите македонски ракометари. Кога се игра против репрезентација којашто има по две сребра и бронзи на континенталните шампионати и најмалата предност е важна. Тоа овојпат ќе биде императивот за победа на Хрватите кои место очекуваните четири пренесоа два бода, а се уште веруваат во влез во полуфиналето.

„Сигурно не чека еден сериозен противник, репрезентација којашто има голем избор на играчи, но ние немаме што да каклулираме, туку ќе дадеме максимум и ќе барама победа“, потенцираше селекторот на Македонија, Ивица Обрван.

Пред 19 години Македонија во квалификациите го совлада тогашниот олимписки шампион Хрватска и се пласираше на своето прво големо натпреварување, Европското првенство во Италија. Секоја чест за Хрватска којашто во меѓувреме освои девет од вкупно 12-те медали, но Македонија против Франција и Полска покажа дека може против секого. Овојпат за успех ќе бидат потребни 60 квалитетни минути. Проследете ги на МРТ1 со почеток во 20.30.