Ракомет - ЕП Полска

На победа за олимписки квалификации

25.01.2016 11:19

Позицијата на табелата не оддалечи од можноста за влез меѓу најдобрите осум на шампионатот за сепак да има доволно причини во средбите против Норвешка и Белорусија да се влезе максимално и да се направи обид со две победи да се заврши настапот на собирот на најдобрите во Европа.

Без шанси да се вмеша во битките за висок пласман, но со многу мотиви македонската ракометна репрезентација ги очекува последните два натпревара на европското првенство во Полска. 

Позицијата на табелата не оддалечи од можноста за влез меѓу најдобрите осум на шампионатот за сепак да има доволно причини во средбите против Норвешка и Белорусија да се влезе максимално и да се направи обид со две победи да се заврши настапот на собирот на најдобрите во Европа. 

Прво затоа што против норвежните во директен дуел можеме да ги оддалечиме од шансите за влез во битката за медали и со тоа да го зачуваме местото во квалификациите за олимписките игри,   потоа со победа над Белорусија и да бидеме меѓу најдобрите десет на стариот континент и можеби најважно да се потврди дека во конкуренција на 16 –ет селекции Македонија има сили и квалитет за повеќе од едно реми со Србија. 

Првиот предизвик, вечер од 18 часот и 15 минути е селекцијата на Норвешка. Веќе ја нарекоа најпријатно изненадување, но очигледно не залудно отсуствувале од последните две светски во Шпанија и Катар, а на двете последни европски испаѓаа во првата фаза.  

Во Полска, норвежаните демонстрираат висок квалитет , зрелост во играта и импонираат со својата стабилност без оглед на стартниот пораз од Исланд. Ги победија Хрватска и Белорусија, а ја замолкнаа и 15 илјадната публика на мечот со домаќинот. Имаат одлична задна линија, сигурен проток на топка , висок процент на реализација и врвна физичка подготвеност. Непријатен противник и за најдобрите. 

Повеќе од сериозен за нашите ракометари кои по исцрпувачките дуели со Франција, Полска и Србија ги користат безмалку 4-те денови одмор за враќање на свежината и подготовка за мечот со Норвешка. 

Натпревар во кој акцент ќе треба да се стави во одбраната, да се одигра агресивно ,  да се затворат приодите кон нашиот гол, а норвешките бекови да се одалечат што подалеку и притоа да се внимава на опасните крила Јондал и Бјорнсен. Во нападот стрпливо, до крај со завршен удар,  во спротивно противникот ссурово казнува. 

Наизглед едноставно, но и повеќе од тешко за спроведување. Сепак позицијата во која нема што да се загуби и шансата во директен дуел да се елиминира потанцијалниот конкурент за олимписките квалификации како и долгот по поразот од Хрватска кон македонската јавност, се гаранција дека нашите ракометари ќе го дадат максимумот и ќе одиграат на нивото што од нив се очекува. 

Мотив повеќе да се биде со македонската телевизија од 18.15 часот со натпреварот Македонија-Норвешка, а потоа и со дуелот меѓу Полска и Белорусија.