Препуштете им се на боите и музиката

22.01.2014 10:27

Боите имаат важно влијание врз душевното здравје, иако често не сме свесни за тоа.
Голем број психолози дошле до сознанија дека бојата треба да ја третираме како значаен фактор за психичката состојба на човекот. Ако сте правилно опкружени со бои, можете да си го подобрите расположението,да воспоставите емоционална хармонија,подобро да помните.

-Црвената боја го поттикнува умот и ги забрзува фреквенцијата на срцето, мозочната активност и дишењето.
-Розовата смирува,ги отпушта мускулите и ја ублажува тегобноста.
-Портокаловата го намалува уморот, го подобрува расположението и го поттикнува апетитот.
-Жолтата дава енергија, го поттикнува паметењето и ја забрзува работата на срцето.
-Сината го намалува крвниот притисок, ги смирува емоциите и ги поттикнува способностите за донесување одлуки.
-Зелената смирува, ги отпушта умот и телото,а некои истражувања велат дека го помага зацелувањето на раните.
Музиката се поврзува со среќата и здравјето. Современите истражувања докажуваат дека музиката може да го отстрани стресот, да го намали крвниот притисок и да ја ублажи болката.
Музикотерапијата дава резултати во поправањето на говорните мани.
Затоа замижете и преку Моцарт, или некој по ваш избор, воспоставете врска со своите емоции.