Вака ќе изгледаат во иднина патувањата

22.01.2014 11:01

Оскар Винјалс, шпански дизајнер и авијатичар- ентузијаст, осмисли прототип на авион наречен „Небесен кит“, за кој вели дека е летало на иднината, најбезбедно и најеколошко некогаш направено,  пренесува Си-Ен-Ен.

Авионот кој изгледа како да излегол од некоја научнофантастична бајка е опремен со активни крилја кои сами се поправаат и кои се одвојуваат од трупот на авионот во случај на незгодно слетување.

Може да прими до 755 патници, сместени на три нивоа, кои ќе имаат можност да уживаат уште повеќе во летот благодарение на големите прозорци.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, и покрај џиновската големина, „Небесниот кит“ е полесен од актуелните авиони, а со самото тоа троши помалку гориво и ја чува околината.