Ракомет - ЕП Полска 2016

Заслуживме победа, добивме реми

25.01.2016 21:40

Уште еднаш се покажа дека добри 50 минути не се доволни за победа. Хитот на европското Норвешка беше комплетно надиграна од нашите ракометари кои уште еднаш останаа без заслужената награда.

Не победија, но ја исполнија целта, заслужија триумф за утеха добија реми, одиграа одлични 50-минути останаа без награда за трудот и пожртвуваноста. „За беља сме родени“- ќе истакне капитенот Кирил Лазаров, „ќе им направиме проблем на другите за нас ништо повеќе“.

И по којзнае кој пат-штета. Македонија ја заслужи победата на натпреварот против Норвешка,иако и со ремито 31-31 ја одалечивме Норвешка од битката за медали и го зачувавме местото во квалификациите за олимписките игри.

Уште еднаш се покажа дека добри 50 минути не се доволни за победа. Хитот на европското Норвешка беше комплетно надиграна од нашите ракометари кои уште еднаш останаа без заслужената награда.

На моменти 5 разлика, во последните 10 минути нашите ракометари влегоа со 3 предност. Се дотогаш рутина што им прилега на големи репрезентации, максимална контрола на играта и на резултатот.

Водство со 28-25, грешка во контра и потоа исклучување во нашиот состав. Доволно за норвежаните да влезат во серија, да израмнат на 28-28 и да го одведат мечот во драматична завршница. Немаше среќен крај за нас, иако Миркуловски на 40-тина секунди изнуди пробивање, имавме доволно време, но за разлика од мечот со Србија немавме завршен удар.

Штета, затоа што до последната шестина од натпреварот Македонија беше супериорна. Стрплива во нападот, силна во одбраната. Задната линија на противникот беше комплетно неутрализирана, свесно оставен простор за пивотменот и континуирано водство од 20-тата до 50-тата минута. Ниту раната повреда на Кузмановски не ги поколеба нашите ракометари, континуирано го градеа резултатот, Миркуловски блескаше во одбраната со изнудени пробивања и со организација на нападите, Лазаров и Манасков запишуваа голови. Игра за паметење, но на крајот сепак реми.

Ќе остане забележано дека Лазаров беше најефикасен поединец со 11 голови, Ристовски на голот со исто толку интервенции и фактот дека уште 9 наши ракометари се запишаа во листата на стрелците.

За жал во финишот не помогнаа ниту стоечките овации и поддршка од полската публика во Краков, моменти за паметење,но и потврда дека Норвешка не случајно се вмеша во битката за највисок пласман. Крилата Бјорнсен и Јондал ги казнија сите наши грешки во финишот и ни ја одзедоа победата.

Останува сатисфакцијата за добрата игра и сознанието дека можеме и со најдобрите.