„Крани“- најдобар филмски проект на копродукцискиот маркет во Трст

22.01.2014 11:36

Играниот филм „Крани“,  кој е во фаза на развој и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија,  доби награда за најдобар филмски проект на копродукцискиот маркет „Кога истокот се среќава со западот“, во рамките на филмскиот фестивал во Трст што се одржува неделава. 

Наградата на „Европски аудиовизуелни претприемачи“ вклучува едногодишна стипендија за развој на филмскиот проект со експерти од областа на филмот и презентација на проектот пред најголемите финансиери на филм од Европа.

„Крани“ беше единствен претставник од Македонија на фестивалот. Во продукција е на Фрагмент филм, сценарист и режисер е Ѓорче Ставревски, а продуцент е Емилија Чочкова.